21.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нова Демократија освои градоначалнички места во Атина и Солун

Десната опозициска партија Нова Демократија освои градоначалнички места во Атина и Солун, потврдувајќи ја моќната победа над левицата на премиерот Алексис Ципрас на евроспките избори, пренесе АНА.

Со оглед дека на гласање не излегле 60 отсто од гласачите, како што оценуваат аналитичарите, добриот резултат кој го оствариле кандидатите поддржани од Нова Демократија, даваат јасна предност на големата конзервативна формација, пет недели до предвремените парламентарни избори на 7 јули.

Во Атина победи Костас Бакојанис (41), кој е поранешен гувернер на покраината, тој освои 65 отсто од гласовите, покажуваат резултатите по пребројувани 99 проценти од гласачките места, пренесе АНА.

На изборите во Солун пак, втор по големина град во Грција, победи Константинос Зервас, кој во првиот круг беше второпласиран. Зервас настапи како независен кандидат.

И покрај неколкуте неизвесности, како резултатите во Солун, Нова Демократија сепак ја потврди позицијата како водечка партија и фаворит на претстојните предвремени парламентарни избори, пренесуваат грчките медиуми.

Спонзорирано: