20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп е подготвен на дијалог со Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја спомена можноста за преговори со Иран, за време на разговорите со јапонскиот премиер Шинзо Абе.

„Навистина верувам дека Иран би сакал да разговара, а ако тоа е така, ќе преговораме“, истакна Трамп, кој се наоѓа во посета на Токио.

„Ќе видиме што ќе се случи, но една работа е сигурна, а тоа е дека премиерот Абе има блиски односи со иранските лидери. Никој не сака да се случат страшни работи, особено не јас“, додаде американскиот претседател.

Тензиите помеѓу Вашингтон и Техеран пораснаа откако САД го напуштија меѓународниот нуклеарен договор и ги обновија санкциите кои предизвикаа криза на иранската економија.