20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Голема бубашваба го лазеше Дутерте додека држеше говор

Голема бубашваба лазеше по филипинскиот претседател, Родриго Дутерте, додека тој говореше на предизборен митинг, што предизвикува бран потсмев на тамошните социјални мрежи, објави „Хина“.

На Филипините в понеделник се закажани парламентарни избори, а Дутерте учествува во кампањата на неговата Филипинска демократска партија – Моќ на народот.

За време на говорот што Дутерте го држеше во средата во градот Гарсија Ернандес, бубашваба му се качи на левото рамо, а една од соработниците на претседателот веднаш реагира и се обиде со папка да ја отстрани бубашвабата, но инсектот продолжи да си лази по Дутерте.

Медимуите информираат дека ваквиот настан воопшто не го вознемирил претседателот, кој рекол дека бубашвабата е само инфилтриран припадник на опозициската Либерална партија.

Критичарите на претседателот на Филипините му одговорија со пораки на социјалните мрежи дека природно привлекува инсекти бидејќи добро е познато оти ѓубрето е магнет за нив.