13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Египет потврдени 13 смртни казни за тероризам

Најголемиот египетски апелациски суд потврди смртна казна за 13 лица осудени за терористички напади во главниот град Каиро, во кои загинаа двајца полицајци.

Осудените се обвинети дека се обиделе да убијат полицајци и цивили така што поставиле експлозивни направи пред универзитетскиот кампус во декември во 2014 година и пред претседателската зграда еден месец подоцна.

Во нападите повредени беа 12 лица.

Првите казни се изречени во 2017 година, а пет лица се ослободени.

Спонзорирано: