20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп со твит против „Твитер“: Ја ограничуваат видливоста на републиканските објави

Американскиот претседател, Доналд Трамп, со твит повика на формирање праведни социјални медиуми како одговор на дискриминацијата, која, како што тврди, како републиканец ја чувствува од компанијата „Твитер“.

Тој исто така го поздрави влијанието на американските пратеници, кои ги повикаа директорите на неколку компании од сферата на социјалните мрежи да сведочат во однос на разни медиумски скандали.

„Не е изненадување што Конгресот сака да учествува во тоа – и треба“, напиша тој на „Твитер“.

Трамп има еден од најследените налози на „Твитер“ со речиси 60 милиони следбеници, но тој постојано ги критикува компанијата и нејзините конкуренти во сферата на социјалните медиуми за она што тој го карактеризира како пристрасност против конзервативците.

Тој ги обвини „Твитер“ и другите технолошки компании за ограничување на видливоста на објавите на истакнати републиканци во САД, но не обезбеди докази што го поткрепуваат неговото тврдење.

Како што јавуваат светските медиуми, само неколку часа по ваквите објави на Трамп, во Белата куќа се одржал состанок меѓу американскиот претседател и извршниот директор на „Твитер“, Џек Дорси, на кој Трамп сакал да се информира зошто губи следбеници на оваа социјална мрежа.

Дорси, по состанокот со Трамп, објави твит со следнава содржина: „Благодарен сум за издвоеното време. ‘Твитер’ е тука за да ѝ служи на јавната дебата, а ние настојуваме да ја направиме поздрава и цивилизирана. Благодарен сум за дискусијата во врска со тоа“.