22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Саудиска Арабија

Исламска држава денес ја презеде одговорноста за нападот на зградата на безбедносните сили во Зулфи, Саудиска Арабија, во неделата.

Новинската агенција Амак, која е поврзана со Исламската држава, објави видео со четири лица кои стојат зад нападот. Не е јасно кога нивните изјави беа снимени.

На снимката еден човек го обвинува саудиското кралско семејство дека се неверници и вели дека нападот бил извршен за да бидат одмаздени муслиманите кои се во затвор во Саудиска Арабија, Сирија и Ирак.

Саудиските власти убија четворица вооружени напаѓачи кои се обидоа да го спроведат нападот, а притоа се ранети и тројца членови на безбедносните сили.