22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во главниот град на Шри Ланка воведен ноќен полициски час

Властите во Шри Ланка денеска воведоа полициски час во главниот град Коломбо, еден ден по серијата бомбашки напади во кои загинаа 290 лица, а повредени се околу 500, соопшти владината служба за информации.

Безбедносните сили вршат претреси ширум островот во потрага по одговорните за експлозиите во цркви и хотели.

Засега никој не презеде одговорност за бомбашките напади во Шри Ланка.

Полицијата уапси најмалку 24 лица во рамки на истрагата за самоубиствените напади, за кои се смета дека ги извеле шест или седум бомбаши-самоубијци.

Владиниот аналитичар Н.Велијанга за новинарите изјави дека трите напади врз цркви и трите напади врз хотели со сигурност биле извршени од бомбаши-самоубијци.

Владин оддел на експерти во рамките на Министерството за одбрана истражува дали двајца напаѓачи биле вклучени во еден од нападите на хотелите, што би значело дека во бомбашките акции учествувале седум лица.

Портпаролот на полицијата Руван Гунасекара рече дека уапсените лица, сите од локално потекло, се испитуваат во одделот за кривични истраги.