20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Демократите бараат објава на целиот извештај на специјалниот истражител Милер, без прикривање на информациите

Демократите од американскиот Конгрес по правен пат побараа увид во сите докази од специјалниот посебен истражител Роберт Милер, од неговата истрага за можно мешање на Русија во претседателските избори во 2016 година.

Претседателот на одборот за правосудство на Претставничкиот дом, Џеролд Надлер, побарал од Министерството за правосудство да му го предаде целосниот извештај на Милер нагласувајќи дека не може да прифати редигирана верзија објавена вчера поради која на Конгресот сè уште голем дел од содржината на извештајот му е непознат.

„Мојот одбор треба и има право на целосна верзија на извештајот и доказите на кои се темели во согласност со претходната пракса. Се чини дека редигирањето е значајно. Досега не сме виделе никакви вистински докази, кои посебниот истражител ги утврди во овој случај“, рекол Надлер.