17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
izbori
СВЕТ

Видодо прогласи победа на претседателските избори во Индонезија

Индонезискиот претседател Јоко Видодо прогласи победа на претседателските избори со освоени 54 отсто од гласовите.

Тој им кажа на новинарите дека лидерите на околу 20 земји од Југоисточна Азија и другите региони му честитале на освојувањето на вториот претседателски мандат.

Противкандидатот на Видодо, поранешниот генерал Прабово Субиaнто, тврди дека освоил 62 отсто од гласовите, врз основа на преброените гласови што ги објави неговиот штаб, а слично тврдеше и на изборите во 2014 година.

Изборната комисија има рок до 22 мај да ги објави конечните резултати.