3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Четиригодишно дете се застрела во глава во САД

Кога Рамон Прајс ја подигнал слушалката од телефонот чул паничен крик.

„Тато, само моли се“, му рекла низ солзи неговата ќерка. Таа му објаснила дека неговиот четиригодишен внук Навон Џексон пронашол пиштол во домот на семеен пријател во Оукленд и случајно се застрелал во главата.

Детето веднаш било префрлено во блиската болница и било примено во одделението за интензивна нега. Ситуацијата се чинела премногу страшна, а семејството се плашело дека поради огнено оружје ќе изгуби уште еден, петти по ред, член, пишува Си-ен-ен.

Неколку недели по несреќата што се случила на 27 март, Навон е во подобра и стабилна состојба, но неговата мајка сè уште нема сили да се зборува за она што се случило.

Се чини дека малиот Навон случајно пронашол пиштол во домот на нивниот пријател Теренс Вилсон, на кого властите му забраниле поседување огнено оружје поради претходни кривични дела. Според информациите од други медиуми, Вилсон го чувал наполнетиот пиштол под перница.

Роднина на малото момче, Џамелија Ленд, рекла дека Навон бил во кома, а семејството во солзи чекало дали тој повторно ќе ги отвори очите.

„Сега е во стабилна состојба, жив, но има трајно оштетување на мозокот“, рекла Ленд.

„Се надеваме дека наскоро ќе биде подобро и ќе ја напушти болницата, но поради неговата повреда, никогаш веќе нема да биде ист“, додала таа.

Инаку, семејството на Навон има трагична историја токму поради користење огнено оружје.

Неговиот татко, Нејтан Џексон, двајца браќа и сестра биле убиени. Нариј Џексон (18) бил застрелан од член на банда во 2010 година во западен Оукленд. Една година подоцна, Најон Џексон (16) бил убиен со огнено оружје во дворот пред куќата на неговата баба во источен Оукленд. Минатата година непознат сторител ја убил неговата сестра Елис Мекфи (21) додека била во автомобил.

Спонзорирано: