14.8 C
Скопје
22. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ана е пронајдена мртва во Швајцарија: Се смета дека секс игра тргнала наопаку, а полицијата вака реагирала

22-годишната Ана Флоренс Рид е пронајдена мртва во купатило во вторникот во 7 часот утрината после љубовен однос со своето 29-годишниот момче, пишуваат швајцарските медиуми.

Нејзиното момче е идентификувано само како Марк, уапсен е под сомнение дека ја убил Ана во луксузен хотел во Швајцарија.

Починала од гушење. Локалните медиуми рекле дека други гости се пожалиле во 3 часот утрината на вратарот откако слушнале кавга во собата на парот.

Извор близок на обвинителот рекол дека момчето кажало дека тоа било „еротска игра која тргнала наопаку“. Почетните резултати од обдукцијата покажале дека починала од гушење со микро пукнатини во коските.

Тој ќе се појави пред судија во наредните неколку денови.

Истиот ден биле во најблискиот бутик каде нејзиното момче кое живее во Цирих ѝ купил два скапи фустани.

Кројачот рекол дека Ана изгледала многу задоволно и среќно со своето момче и дека изгледале заљубени.