Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Дескоска, со службено возило била на партиски митинг

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од министерката за правда, Рената Дескоска, која, како што тврди партијата, со службено возило била на митинг.

„ВМРО-ДПМНЕ најостро ја осудува злоупотребата на државни ресурси во политички цели од страна на високи функционери на СДСМ. Кога министерот за правда може да си дозволи со службено возило во маички од кампања да оди на партиски митинг можеме само да претпоставиме што прават пониските ешалони на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ бара министерот за правда Рената Треневска Дескоска веднаш да си поднесе оставка заради морална одговорност, а државната комисија за спречување на корупција, јавното обвинителство и другите надлежни институции да покренат прекршочни и кривично постапки“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

По оваа злоупотреба од страна на Дескоска, се вели во соопштението, сосема е јасно зошто СДСМ се противи на реформи кои ќе значат независно и професионално јавно обвинителство и судство.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖД И СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ ВО МАКЕДОНИЈА – Денеска температури до 18 степени

ДЕСК

Почна гласањето во Брвеница – гласаат вкупно 107 болни лица

ДЕСК

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК