12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

По пронаоѓањето на девојчето кое исчезна вчера се огласи и Амбасадата на САД во Белград

Американската амбасада во Белград им се заблагодари синоќа на полицијата и сите кои помогнале исчезнатата Рејчел Мекју да се пронајде.

-Внимание: Исчезнатото девојче е пронајдено и се наоѓа на безбедно. Им благодариме на сите кои на несебичен начин ја ширеа пораката, медиумите кои ја објавија веста и помогнаа во потрагата и припадниците на полицијата кои безбедно ја донесоа до родителите – објавено е на Твитер профилот на Амбасадата.

Со брза и ефиканса акција на полицијата цо центарот на Белград, вчќера беше пронајдена 14-годишната Рејчел Меккју, која исчезна истиот ден околу 16:45 часот на патот кон Баново брдо, објави Танјуг.

Амбасадата на САД во Србија преку Твитер три пати упати апел до граѓаните за помош за да се пронајде 14-годишното девојче, кое последен пат било видено пред враќањето дома од училиште.

Спонзорирано: