16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Швајцарската влада одлучи дека кафето не е неопходно за човековиот опстанок

Владата на Швајцарија ќе стави крај на задолжителното складирање резерви кафе бидејќи заклучи дека кафето повеќе не е од суштинско значење за човечковиот опстанок.

Според швајцарската Канцеларија за национално економско снабдување (ЕАФ), листата за складирање резерви, која датира од времето на двете светски војна, во моментот наложува задолжително складирање кафе за 3 месеци. Тоа важи и за резервите шеќер, ориз, масло за готвење и масти.

Но, во средата швајцарските официјални лица изјавија дека почнале да ја преиспитуваат листата за итни случаи заклучувајќи дека кафето повеќе не е од витално значење.

„Содржи малку калории, а не придонесува за внесување потребни состојки“, рекоа од ЕАФ.

Конечната одлука за кафето ќе биде донесена во ноември.

Но, корисниците на социјалните медиуми не се согласуваат со ваквиот чекор нарекувајќи го неразумен.

„Еј, Швајцарија, мислам дека милиони мајки, војници и сите, освен Британците, нема да се согласат со вас“, напиша еден корисник на „Твитер“.

Спонзорирано: