12.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меј: Сакам да ја напуштиме ЕУ на уреден начин и што е можно побрзо

Британската премиерка, Тереза Меј, изјави дека жали што британскиот парламент досега не бил можност да го ратификува договорот за брегзит.

„Велика Британија веќе требаше да ја напушти ЕУ“, оцени Меј доаѓајќи на најновиот самит со лидерите на ЕУ.

Британската премиерка очекува дека вечерашниот состанок во Брисел ќе резултира со продолжување на можноста за уреден излез на Велика Британија од ЕУ.

„Целта на овој самит е да се договориме за продолжување на рокот што ќе ни овозможи повеќе време за да се спогодиме за договор што ќе придонесе да ја напуштиме ЕУ на соодветен начин“, рече Меј.

Таа вели дека побарала одложување на брегзит до 30 јуни, иако до ратификација на договорот може да дојде и порано од тој рок.

„Важно е дека може да ја напуштиме ЕУ во моментот кога ќе постигнеме ратификација на договорот“, посочи Меј.

Таа за утре најави нови разговори на британската влада со опозицијата во врска со договорот за излез од Унијата.