5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британското бродоградилиште евакуирано по дојава за бомба на нуклеарна подморница

Бродоградилиште во северна Англија, кое гради британски нуклеарни подморници, беше евакуирано денеска по објавувата на една локална интернет-страница со предупредување за бомба.

„Како мерка на претпазливост бродскиот комплекс ‘Девоншир’ е затворен. Персоналот, изведувачите и локалните жители се информирани“, рече портпаролката на „БАЕ системс“.

На местото на настанот биле повикани и амбулантни возила.

Неидентификуван извор изјавил за „Мејл“ дека вработените биле евакуирани по предупредувањето за бомба на офанзивната нуклеарна подморница од класата „Астут“.

Спонзорирано: