16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин: Можно е заедничко производство на оружје со Анкара

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека официјална Москва и Анкара би можеле да почнат со заедничко производство на високотехнолошка воена опрема.

„Можно е да почнеме заеднички развој и производство на високотехнолошка воена опрема“, рече Путин на прес-конференција по состанокот со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, пренесува агенцијата ТАСС.

Путин рече дека Русија сè уште е сигурен снабдувач на гас за Турција.

„Турција има многу договори за испорака на гас, но далеку е од тоа дека сите ги исполнуваат договорените обврски. Русија е стабилна во исполнувањето на обврските во однос на обемот и цената“, рече Путин.

Спонзорирано: