10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Потпишани три договори за соработка меѓу Србија и Обединетите Арапски Емирати

Со потпишувањето три меѓудржавни документи, денеска во палатата „Србија“ заврши првата седница на Мешовитиот комитет за соработка меѓу владите на Србија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Документот за седницата и конституирањето на Мешовитиот комитет го потпишаа копретседатели, министерот за финансии, Синиша Мали, и државниот министер на Обединетите Арапски Емирати, султанот Ахмед ал-Џабер.

Потпишан е и меморандум за соработка меѓу српското Министерство за земјоделство и Министерството за климатските промени и животната средина на Обединетите Арапски Емирати, а документот за соработка во областа на ветеринарната медицина беше потпишан од страна на министерот Бранислав Недимовиќ и претставник на Министерството за ОАЕ, султан Абдул ал-Хебси.

Исто така, потпишан е договор за соработка меѓу Сојузот на стопанските комори на ОАЕ и Стопанската комора на Србија (ПКС).

Копретседавачите на Мешовитиот комитет се согласија дека економската соработка се развива динамично и дека двете земји имаат не само партнерски туку и пријателски односи.