17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Израел одлучува дали Нетанјаху ќе остане на власт

Израел денес ги отвори гласачките места за можеби најважните избори за државата, а актуелниот премиер, Бенјамин Нетанјаху, кој веќе 13 години е на функцијата, е на вистински пат да стане негов најдолготраен лидер – ако не биде соборен Бени Ганц од партијата Сино и бело, пренесува РТ.

Нетанјаху, кој моментно се соочува со обвинение за корупција и измама, вети дека ќе ги анектира израелските населби во окупираниот Западен Брег, потег што долго го бараат екстремно десничарските партии на кои им се додворуваше за време на кампањата.

Лидерот на партијата Ликуд исто така го нагласи преместувањето на американската амбасада во Ерусалим и американското признавање на израелскиот суверенитет над Голанската Висорамнина како доказ за своето државничко владеење.

Ганц, поранешен командант на ИДФ, се спротивстави на едностраните потези и го нарече неодговорно ветувањето на Нетанјаху за добивање на Западниот Брег на послужавник. Ганц ја формира партијата Сино и бело во февруари во коалиција со поранешниот министер за финансии, Јаир Лапид, и поранешните команданти на ИДФ, Габи Ашкенази и Моше Јалон.

Последните анкети на јавното мислење покажуваат дека Ликуд и Сино и бело ќе освојат 30-ина места во Кнесетот, што значи дека секој ќе мора да формира коалиција за да владее. Иако Сино и бело, наводно, е во тесно водство, партијата на Нетанјаху е подобро позиционирана да формира владејачки блок.

Нетанјаху исто така водеше кампања врз својот однос со американскиот претседател Доналд Трамп и без основа ги зеде заслугите за навидум неиспровоцираната одлука на Трамп да ја прогласи Иранската исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) за странска терористичка организација. Ганц навести дека верува оти Трамп се меша во изборите во Израел.