11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Русија го обвини НАТО за кризата во Либија

Либиската криза е резултат на директно мешање на Северноатлантската алијанса, што предизвика хаос во земјата, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, во интервју за египетскиот весник „Ахрам“.

„Долготрајната криза во Либија е директна последица на нелегитимното воено мешање на НАТО. Резултат на тоа е што државата западна во хаос, стана извор на регионална нестабилност, расадник на тероризмот“, наведе Лавров.

Силите на Калифа Хафтар, кои го контролираат источниот дел на Либија, во четвртокот почнаа офанзива кон Триполи за да го преземат главниот град, каде што е седиштето на меѓународно признаената влада.

Во Либија по убиството на долгогодишниот лидер Моамер ел-Гадафи во 2011 година, владеат две влади. Едната од нив е меѓународно признаена, во Триполи, и ја предводи Фаез ал Сараџ. Другата е во Бенгази, предводена од командантот на самопрогласената Либиска национална армија Халифа Хафтар, составена од офицери и војници што ја напуштиле редовната либиска армија за време на Гадафи. Хафтар ја напушти армијата на Гадафи во 80-тите години и помина речиси 20 години во САД, по што се врати во Либија во 2011 година и го предводеше оружениот бунт против Гадафи, кој доведе до негово соборување и убиство.