5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ: Србите првпат знаат што сакаат, за разлика од Албанците

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека Белград и Приштина се едно море оддалечени од надминување на застојот во дијалогот и додаде дека продолжувањето најмногу ќе зависи од Приштина и притисокот на Американците.

Во емисијата „Без двоумење“ на јутјуб-каналот „Без цензура“, Вучиќ истакнал дека и покрај сите пречки, компромисот е важен за Србија поради стабилноста на земјата, пренесува агенцијата „Танјуг“.

Сепак, тој додал дека до компромис во вид на разграничување, кое го оценил како идеја што можела да доведе до решение, најверојатно нема да дојде бидејќи, како што кажал Вучиќ, тоа не го сакаат Германците и Албанците.

„Додека другите не знаат што сакаат, Србија е таа што првпат знае што сака“, рекол српскиот претседател и додал дека пред народот и Собранието не излегол со предлози за решение бидејќи секој компромисен предлог е веќе одбиен.

За неодамнешната посета на германски парламентарци на Белград и Приштина, Вучиќ кажал дека станува збор за многу влијателни луѓе, но, исто така, јасно ставил до знаење оти нивните пораки дека се против разгранучување, всушност значат дека тие поддржуваат целосна независност на Косово, што, како што рекол, не треба да се крие од луѓето во Србија.

Спонзорирано: