24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Германија ги предупредува своите граѓани да не патуваат на северот на Косово

По предупредувањето кое британската амбасада во Приштина го испрати кон своите граѓани да не патуваат во северниот дел на Косово и Метохија и германското Министерството за надворешни работи издаде предупредување за германските државјани да не патуваат во општините Зубин Поток, Лепосавиќ, Звечан и Северна Митровица бидејќи, како што се наведува во соопштението, ситуација во таа област и натаму е напната.

„Иако насилството обично не е насочено против странци, не може да се исклучи фактот дека можни се изолирани инциденти кои би ја загрозиле безбедноста и би ја ограничиле начелната слобода на движење“, се вели во препораките на Министерството за надворешни работи на Германија.

Во соопштението, објавено на официјалната интернет-страница на Министерството, се потсетува и дека на 16 јануари 2018 година бил убиен познатиот косовско-српски политичар Оливер Ивановиќ, во северниот дел на Митровица, поради што германското министерство препорачува граѓаните пред да отпатуваат во северниот дел на Косово да се информираат за ситуацијата и внимателно да го подготват патувањето. Исто така, германските државјани се советуваат, доколку е можнo, на индивидуални патувања да бидат во придружба на локални водичи, пренесува „Дојче веле“.