17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија ќе ги обучува пилотите во Венецуела

Русија отвори центар за обука на пилоти во Венецуела кои ќе управуваат со руски хеликоптери, јави „Ројтерс“, повикувајќи се на рускиот државен индустриски конгломерат „Ростек“.

Според „Ростек“, центарот е промовиран минатиот четврток, истиот ден кога Белата куќа ги предупреди Москва и другите држави кои го поддржуваат венецуелскиот претседател Николас Мадуро да не му испраќаат војска и воена опрема бидејќи тоа ќе се смета за „директна закана” за регионалната безбедност.

Вашингтон, кој го поддржува лидерот на опозицијата, Хуана Гуидо, издаде предупредување откако два руски воени авиона слетаа покрај Каракас со стотици воен персонал, коишто Кремљ ги опиша како воени специјалисти.

„Ростек“ објави дека во тренинг-центарот пилотите ќе научат како да управуваат со руските хеликоптери Ми-35М, како и со руски транспортни хеликоптери, според „Ројтерс“.