23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Градежни работи на патот Кичево – Охрид

Поради изведување градежни работи (рехабилитација на асфалтот) на патниот правец А2 Кичево – Охрид (помеѓу планинскиот превој Пресека и с.Песочан) сообраќајот се одвива под посебен режим т.е. преминување од една во друга коловозна лента. На местата на изведување на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација, информира АМСМ.

Aвтопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони.