16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Според Унгарија, Брисел ги финансира џелатите на Исламската држава

Унгарската влада бара од Европската комисија да објави дали знаела дека Сириецот осомничен за тероризам добил припејд-банкарска картичка по пристигнувањето во Европската Унија, изјави портпаролот на владата, Иштван Холик.

Тој на денешната прес-конференција изјави дека адвокатот на осомничениот неодамна ги потврдил наводите дека неговиот клиент Хасан Ф, кој беше уапсен минатата година во Будимпешта, доби припејд-дебитна картичка, објави унгарската агенција МТИ.

Сепак, Европската комисија продолжува да инсистира на тоа дека анонимните картички за мигранти не претставуваат опасност, рече Холи.

Тој рече дека портпаролката на Европската комисија, Наташа Берто, претходно оваа недела изјави дека нема анонимни картички за мигранти бидејќи Комисијата знае кому му се дистрибуираат картичките и нивниот статус се проверува на месечна основа.

Холик рече дека унгарската влада сака да знае дали Брисел е свесен дека „финансира џелат на Исламската држава“.

Луѓето исто така сакаат да имаат јасна претстава за тоа што се случува, рече портпаролот, додавајќи дека многу Европејци биле огорчени дека Брисел „користел мигрантски картички за финансирање на терористите“, објави агенцијата.

Спонзорирано: