10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британија денеска требаше да ја напушти Европската Унија

Денеска е денот кога, според распоредот утврден пред две години, Британија требаше да ја напушти Европската Унија.

29 март е важен момент во историјата на земјата и истовремено го славеа политичарите и избирачите кои се залагаа за брегзит и го оплакуваа оние што сакаа да останат во ЕУ.

Планирани се раскошни забави за да се одбележи она што некои го нарекуваат Ден на независноста во Велика Британија, пишува Си-ен-ен.

Меѓутоа, благодарение на неуспехот на премиеркара Тереза Меј да добие поддршка за својот договор во Парламентот, денеска не е денот кога Британија ќе излезе од Унијата. Наместо тоа, покрај пропаднатото изгласување на нејзиниот договор во два наврата, како и по неможноста на Парламентот да изгласа алтернативно решение, денес во Британија ќе биде еден од најхаотичните денови.

Во текот на денот пратениците во британскиот Парламент ќе расправаат за продолжување на брегзитот што го одобри ЕУ.

Спонзорирано: