26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хрватска на 10. место по издвојување пари за НАТО

Според последните податоци на НАТО за одбранбените издвојувања на земјите членки од март 2019 година, Хрватска се најде на 10. место меѓу 28-те членки на алијансата.

Вкупните одбранбени издвојувања на Хрватска во 2018 година, според податоците, изнесуваат 1,71 процент од БДП, пишува „Вечерњи лист“.

До неодамна Хрватска беше 16-та на таа скала на издвојување средства за одбрана, а издвојуваше 1,3 процент од БДП.

Подигнувањето за шест места не значи дека е резултат на значителното зголемување на воениот буџет, кој и инаку е поголем, туку поради тоа што Хрватска почна својот удел во воените трошоци да го смета како другите членки. Така, Загреб ги зел предвид трошоците за одбрана и пензиите на професионалните војници.

Според статистичките податоци на земјите членки, САД продолжуваат да доминираат бидејќи за војската трошат 3,39 отсто од БДП. Грција издвојува 2,22 процента, Велика Британија 2,15 процента, Естонија 2,07 процента, Полска 2,05 процента, Латвија 2,03 процента, Латвија 2 процента.