24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Ватикан одговори зошто папата не сака да му ја бакнуваат раката

Разрешена е тајната околу тоа зошто патата Франциск ја повлекува десната рака додека луѓето во долг ред чекаат за да се поклонат и да ја бакнат. Ватикан одговори дека папата не сакал да шири бактерии.

„Тоа е едноставно прашање за хигиена“, изјави пред новинарите портпаролот на Ватикан, Алесандро Гисоти.

Гисоти рече дека како многу луѓе, така и папата не сака да ги шири бактериите, на начин што луѓето еден по друг би му ја бакнувале раката.

Видеото од понеделникот стана вирално на социјалните мрежи и е емитувано во рамки на неколку хумористични емисии во САД.

Спонзорирано: