Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Лекарите се незадоволни бидејќи не ја добија ветената плата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва оствари средба во граѓаните во ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром. Како што соопшти партискиот Центар за комуникации, Мицкоски со граѓаните разменил мислење за најважните прашања.

„Незадоволни се лекарите затоа што не ја добија платата од 100 илјади денари кои власта им ја ветуваше, незадоволни се таксистите чии горива постојано растат, стопанствениците кои се мета на рекет од власта и мора да плаќаат зголемени даноци, истакнал Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, при посетата во Аеродром посочил дека секаде во земјава владее класична лага, а претседателските избори се првиот чекор кон пад на власта и конечна смена на централната власт.

Можеби ќе ве интересира

ДОПОЛНИТЕЛНИ 26.000 ВАКЦИНИ ПРИСТИГНАА ВО МАКЕДОНИЈА – Министерството со известување

ДЕСК

МИЦКОСКИ ЈА ПРЕДИЗВИКА ОПОЗИЦИЈАТА – „Нека побараат распуштање на Собранието, ќе поддржиме предвремени избори“

ДЕСК

Анализа: НА МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА Ѝ ТРГНЕ МНОГУ ПОДОБРО – Ако се смират светските кризи, економијата има простор за посилен раст

ДЕСК