24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Грција: Во тек е потрага по двајца мигранти во Егејско Море

Грчката крајбрежна стража е во потрага по двајца мажи кои биле на чамец со мигранти кои се приближувале кон грчкиот остров Киос во источниот дел на Егејското Море.

Крајбрежната стража соопшти дека 36 мигранти биле пронајдени, осуммина од нив успеале да стигнат до брегот, а 23 биле пронајдени на карпестиот дел од брегот. Уште петмина беа пронајдени во мал чамец со кој дошле од Турција.

Преживеаните мигранти тврдат дека двајца мажи исчезнале.

Во потрагата се ангажирани припадниците на крајбрежната стража и чамците на „Фронтекс”, како и хеликоптер.

Спонзорирано: