20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Судбина: Бразилски новинар кој преживеа авионска несреќа, почина играјќи фудбал

Бразилскиот новинар Рафаел Хензел (45), еден од шесмината преживеани во авионска несреќа на бразилскиот клуб Шапеконсеа, почина од срцев удар додека играше фудбал со пријателите.

Хензел беше еден од шесминатат кои во ноември 2016 година го преживеаа падот на авионот во кој се наоѓаа фудбалерите накои патуваа во Меделин на првиот натпревар од финалето на Копа Судамерикана.

Авионот на боливиската авио компанија Ламиа, британскиот Aerospace 146 се урна неколку минути пред слетувањето на аеродромот Хозе Мариа Кордова де Рионегро, во близина на Меделин. Во несреќата, 71 лице почина, од кои 19 бразилски фудбалери. Покрај хензел, преживеаја тројца фудбалери, стјуардеса и воздухопловен техничар.

Хензел од авионската несреќа се опоравуваше една година, по што се врати на работа.Тој објави книга ,,Живеј како да ќе заминеш утре” , во која го опиша своето искуство во фатална несреќа, но мотивацијата за продолжување на животот.

Спонзорирано: