Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Венецуела три дена без струја

Милиони жители на Венецуела останаа без струја, по втор пат овој месец. Училиштата не работат, а секојдневните работни активности се откажани веќе втор ден откако во понеделникот попладне поголемиот дел од земјата остана без струја.

Ова се случува само две недели по првото исклучување на струјата, што предизвика хаос и ги принуди луѓето да се снаоѓаат како знаат и умеат за да набават храна и вода.

,,Мислам дека ова ќе биде полошо од првиот прекин на електричната енергија”, рече Хулио Бариос, 60-годишен сметководител кој беше во потрага на продавници каде што ќе може да купи храна.

„Многу луѓе сакаат да одат на работа, но нема превоз, а ако никој не работи – земјата ќе биде парализирана”, додаде тој.

Венецуелската социјалистичка влада ја обвини владата на САД за саботирање на електричната мрежа, иако според лидерот на опозицијата, Хуан Гуаидо, немањето струја е резултат на десетгодишната корупција и лошото раководење со земјата.

„Време е узурпација да заврши”, напиша Гуаидо на Твитер.

Спонзорирано: