20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меј ќе поднесе оставка ако биде усвоен нејзиниот план за брегзит

Тереза Меј најави дека ќе поднесе оставка од премиерската функција доколку нејзината Конзервативна партија го поддржи планот за излегување на Велика Британија од Европска Унија.

„Подготвена сум да ја напуштам функцијата порано од планираното, со цел да го направиме она што е исправно за нашата земја и за нашата партија“, изјави Меј на состанокот со повеќе од 300 конзервативни пратеници.

Ова уследи неколку дена откако парламентот ја презеде контролата врз процесот на спроведување на брегзит. Британските пратеници ќе можат да гласаат за осум многу различни опции за излез на Велика Британија од Европската Унија. Портпаролот на Долниот дом на британскиот парламент, Џон Беркоу, ги избра денеска тие осум предлози, од вкупно 16 коишто ги поднесоа пратениците.

Британскиот парламент веќе двапати со големо мнозинство гласови го одби планот на Меј за брегзит.

Спонзорирано: