13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ахмети – Тимоние: ДУИ ги поддржува реформите

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, оствари работна средба со амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние. Како што соопшти партијата, Ахмети зборувал за последните случувања во земјата, реформите во судството, владеењето на правото, претседателските избори, но и европските парламентарни избори какои состојбата во регионот.

„Претседателот Ахмети ја истакна важноста од спроведувањето на реформите во насока на владеење на правото и исполнување на европските стандарди, додавајќи го неговото очекување за постигнување на консензусот со опозицијата околу реформските процеси. ДУИ е целосно посветена во поддршката и спроведувањето на реформите со надеж дека во јуни овие наши напори ќе се земаат предвид од Брисел.

Амбасадорот на Франција ги обелодени француските согледувања околу случувањата во земјата, регионот и Европската Унија и ја истакна поддршката на Париз за нашата земја. Ахмети и Амбасадорот Тимоние исто така дискутираа и за дијалогот Приштина – Белград. Соговорниците истовремено зборуваа и околу процесот на градењето на ДУИ за следните две децении”, се наведува во соопштението.

Спонзорирано: