8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Франција : Поради немирите на протестите на ,,Жолтите елеци” се осудени 2 000 лица

Во Франција од почетокот на протестите на граѓанското движење ,,Жолти елеци” во ноември минатата година па досега се осудени околу 2 000 лица, а 8,7 илјади се приведени, соопшти француското Министерство за правда.

Француската министерка за правда, Никол Белубе изјави дека околу 40 отсто од осудените добиле затворски казни, а 60 отсто друг вид на казни, како што се општествено корисна работа или условни затворски казни. Според нејзините зборови, затворските казни се движат од еден месец до три години.

Министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер изјави дека на протестите на ,,Жолтите елеци” во саботата биле приведени 233 лица. Протестите започнаа на 17 ноември против политиката на претседателот Емануел Макрон.