22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Маж со автомобил во Кина влета меѓу пешаци

Кинеската полиција уби маж кој со автомобилот влета меѓу пешаци и усмрти шест лица, јави кинеската државна телевизија.

Mажот намерно влетал во групата луѓе во градот Заојанг, во провинцијата Хубеј, во централниот дел од земјата, но мотивот за нападот засега е непознат.

Најмалку седум лица се повредени, но нема детаљи за нивната состојба.

Агенцијата потсетува дека во Кина е забележан раст на нападите со автомобил во последните неколку години.

Во септември минатата година, најмалку 11 лица беа убиени кога мажот влетал помеѓу пешаците на југот во Кина, одмаздувајќи се на општеството за тоа што бил осуден за кривични дела.

Спонзорирано: