12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев и Мицкоски на тв дуел во вторник

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, како и актуелниот премиер Зоран Заев ќе се соочат во вторник. Тие ќе ги спротистават своите ставови и мислења во емисијата „Само Вистина„ на Канал 5 телевизија.

Дуелот започнува во 18:30 часот.

Како што објави Канал 5, двајцата политички лидери го потврдиле своето присуство. Според концептот на Канал 5 телевизија, дуелот ќе трае 100 минути, со ограничување на одговорите на прашањата во траење од 2 минути, како и можност за размена на репилики и контрареплики. Двајцата гости ќе добијат прашања на актуелни теми на кои граѓаните очекуваат одговори, а и самите ќе имаат можност да отворат по една тема.

Спонзорирано: