8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тешка измама во Битола – Внимавајте да не бидете измамени на овој начин

На 19 март во СВР Битола, Г.П. од Битола пријавила дека истиот ден во 11.30 часот на улица „Батаљон Стив Наумов“ нејзиниот татко Н.П.(73) од Битола бил измамен од непознато лице.

Според пријавеното, лицето лажно се претставило дека е од Центарот за социјални работи и дека е дојдено за да му помогне да добие домашна нега и дека за тоа треба да му ги даде сите пари што ги има дома.

Н.П. му дал 11.000 денари, по што лицето заминало. Подоцна, заклучил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.