20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Министерството за земјоделство ќе потпише меморандум за разбирање со Министерството за земјоделство на Италија

Владата на Република Северна Македонија на денешната Владина седница ја разгледа и усвои Информацијата за реафирмирање на работата на Советот за земјоделство и рурален развој (Агросовет) со Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за формирање на Совет за земјоделство и рурален развој.

Истовремено Владата ја разгледа и усвои и информацијата за потпишување на Меморандум за разбирање меѓу Министерството за политики за земјоделство, прехрана и шумарство на Република Италија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија за соработка во секторот земјоделство.