16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Несреќа со жртви при одбележување на Свети Патрик во Северна Ирска

Две лица загинаа, а неколку се повредени во стампедо од луѓе кое настанало во неделата навечер во дискотека во хотелот „Гринвејл“ во северноирскиот град Кукстаун.

Според извештаите, десетици млади луѓе се собрале со цел да го прослават Денот на Свети Патрик, кога, од засега непознати причини, настанало стампедо при што загинале две лица, пренесува британски „Експрес“.

Помошник шефот на полицијата на Северна Ирска, Марк Хамилтон, изјавил дека причината за инцидентот е непозната, но постојат индикации дека попуштиле некои од столбовите во дискотеката.

Несреќата била пријавена во полиција во 21:30 часот по локално време.

Повредените биле префрлени во локалната болница, а едно лице е во критична состојба.

Спонзорирано: