12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Фрчат казни од полицијата за несовесни возачи: Возеле пијани, без возачки, без регистрации и технички неисправни автомобили

Во текот на изминатите денови (15, 16 и 17.03.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 144 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 67 возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 58 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и шест возачи затоа што биле возачи-почетници.

Исто така, исклучени од сообраќај се и 49 возила бидејќи 42 биле нерегистрирани и седум возила биле технички неисправни. Санкционирани се осум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца возачи поради неправилно престигнување, 11 возачи поради некористење заштитен шлем при управување на моторцикл, 10 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 33 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 163 мандатни платни налози и 153 возила се подигнати со специјално возило “пајак”. Изминатиот ден се случиле 19 сообраќајни незгоди во кои 10 лица се здобиле со телесни повреди.