12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
БИЗНИС

Нова цена на горивата

Денеска се очекува да биде соопштена новата цена на горивата од страна на Регулаторната комисија за енергетика, која стандардно секој втор понеделник во месецот ги утврдува новите цени на бензинот и дизелот согласно светските трендови на цените на нафтата.

Со последните одлуки, цените на горивата поскапија.

Бензините поскапија за 2 денари по литар. Дизелот пак тогаш поскапи за 1 денар.

Според тоа, сега ЕУРОСУПЕР БС 95 се точи за 64,5 денари по литар, а ЕУРОСУПЕР БС 98 за 66,5 денари.
Литар дизел чини денар поскапо и се продава по цена од 61 денар.

ТОчно напладне ќе се знаат новите цени на горивата во Македонија.