11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Петмина фатени како возат пијани – полицијата пишуваше казни за несовесните возачи

Во текот на изминатиот ден (14.03.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 27 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 20 возачи од кои: пет возачи управувале возила под дејство на алкохол, 13 возачи без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници.

Исто така, исклучени од сообраќај се и осум возила бидејќи шест биле нерегистрирани и две возила биле технички неисправни. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, 10 возачи поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, двајца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 23 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 116 мандатни платни налози и 89 возила се подигнати со специјално возило “пајак”. Изминатиот ден се случиле 13 сообраќајни незгоди во кои две лица се здобиле со тешки телесни повреди и девет лице поминале со телесни повреди.