9.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Силјановска: По Договорот од Преспа сменет е идентитетот- Никогаш нема да го употребам името Република Северна Македонија

Кога велам дека Преспанскиот договор е лош тоа не е политичка оценка, тоа е резултат на студија објавена на македонски и англиски јазик. Преспанскиот договор се заснова на кршење на Уставот на РМ, постапките не се во рамки на деловникот, правото, изјави професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател поддржан од ВМРО-ДПМНЕ гостувајќи на емисијата 360 на телевизија АлсатМ.

-Консултативниот референдум за прашање во кој прво се зборува дали сте за ЕУ и НАТО ? За ова Уставот не познава консултативен туку само задолжителен референдум. Преспанскиот договор е дури на крајот на прашањето, посочи Силјановска.

Говорејќи за референдумот од 2018 година, таа прашува ако тој референдум бил успешен, дали значи дека и референдумот од 2004 година за територијалната поделба бил успешен кога повеќе од 95 проценти рекоа не за новата територијална, а беше прогласен за неуспешен зошто немаше потребен процент на излезност.

Спонзорирано: