5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ЕУ одби на црната листа да стави 23 земји

Членките на ЕУ едногласно го отфрлија предлогот на Европската комисија на црната листа да стави 23 држави.

На предложената листа на ЕК се наоѓаат 23 држави и територии за кои се верува дека носат висок ризик од перење пари или финансирање тероризам.

Членките соопштиле дека предлогот не е воспоставен во транспарентен процес, пренесе АП.

На листата се наоѓаат држави како Саудиска Арабија, Северна Кореја и Нигерија, но и четири американски прекуморски територии. Списокот има за цел да се засили надзорот и истрагата за финансиски трансакции од тие земји и територии за да се пронајдат сомнителни текови на парите.

Европската комисија сега ќе мора да направи нова листа и да ја земе предвид загриженоста на државите членки.

Спонзорирано: