27.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Година дена носела огрлица не знаејќи каква тајна крие привезокот

Некои запросувања се поприлично јавни, а некои, како во овој случај, малку таинствени.

Австралијанецот Тери направил огрлица и и ја подарил на својата девојка. На огрлицата имало дрвен привезок, а во него – веренички прстен.

Ана година дена немала појма дека прстенот се наоѓал таму, а сè се променило после патувањето во Шкотска.

Тогаш, Тери од Ана побарал да ја извади огрлицата за да ја фотографира. Кришум го отворил дрвениот привезок, ја наместил камерата и тргнал да и ја врати огрлицата. Клекнал пред неа и и покажал што се наоѓа во привезокот кој околу врат го носела година дена.

„Застана збунета неколку секунди, обидувајќи се да сфати што се случува, а потоа кажа ’да’ “, раскажал романтичниот дечко.

Тери вели дека кога Ана се смирила, го прашала дали прстенот цело време бил внатре, а потоа му рекла: „Можев да го изгубам, идиоте“.