16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ЕУ ги продолжи санкциите против Јанукович за уште една година

Европскиот совет ги прошири санкциите за поранешниот украински претседател Виктор Јанукович и за некои луѓе во неговиот поблизок круг за уште една година, се вели во соопштението на Советот во понеделникот, пренесува ТАСС.

„Советот го продолжи до 6 март 2020 година замрзнувањето на средствата наметнато против 12 лица идентификувани како одговорни за проневера на украински државни средства или за злоупотреба на функцијата и предизвикување загуба на украинските јавни средства. Рестриктивните мерки против едно лице не беа продолжени. Оваа одлука се заснова на годишната ревизија на мерките”, се вели во соопштението.

Извори од Брисел претходно потврдија дека Андреј Кљуев ќе биде отстранет од црната листа во согласност со одлуката на Европскиот суд на правдата, која ќе стапи на сила по објавувањето во службениот весник на Европската Унија на 5 март.

На 5 март 2014 година ЕУ воведе санкции за 18 Украинци, вклучувајќи ги Јанукович, неговите два сина и поранешниот премиер Николај Азаров. Ограничувањата, воведени за период од една година, вклучуваат забрани за влез во ЕУ и замрзнување на средствата.

Советот на Европската Унија ги наведува проневерата на украинските државни фондови како причина за санкциите. Во наредните години, Советот направи мали промени во црната листа.

Спонзорирано: