4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

АВМУ му укажа на МРТ1: Не може новинарка да води партиска конференција

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги му укажа на Јавниот радиодифузен сервис МРТ 1 дека мора да води сметка сите вработени кои се ангажирани во подготвување на програмите да ја почитуваат одредбата од Изборниот законик, според која, тие не смеат истовремено да учествуваат и во предизборни активности на политички субјекти. Ова се однесува на новинарката на МРТ1, Гордана Ѓорчева, која ја водеше конференцијата на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ во неделата.

„Укажувањето беше упатено откако преку снимки објавени на социјалните мрежи беше утврдено дека новинарката на МРТ1, Гордана Ѓорчева, беше водителка на 18. конференција на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ, која се одржа во неделата, на 3 март 2019 година. Инаку, со мониторингот на известувањето во предизборниот период беше констатирано дека на програмите на радиодифузерите, кои во моментов се предмет на надзор, таа не се појави во прилозите од овој настан“, соопшти АВМУ.

Агенцијата ги потсети сите радиодифузери дека уредници, новинари, водители на програма и презентери кои се ангажирани во подготвување програми на радиодифузерите, мора да ја почитуваат оваа забрана, која важи од распишувањето до завршувањето на изборите.