8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Тага до небо – почина ѕвездата од Беверли Хилс

Актерот Лук Пери, ѕвездата на “Беверли Хилс” 90210, почина откако имаше голем мозочен удар, соопшти портпаролот на Ен-Би-Си

Неговата публицистка рече дека Пери починал опкружен со неговото семејство и пријателите.

Tој беше однесен во болница во средата во Лос Анџелес, каде што снимаше сцени за Ривердејл, на “Ворнер Брос”.

Некогашната тинејџерска ѕвезда од серијата ,,Беверли Хилс“, глумецот Лук Пери, почина во 52 година од животот.

Лук Пери ја играше улогата на Дилан во планетарно познатата Беверли Хилс, во деведесетите години на минатиот век.