20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Кирацовски со моќна порака: Граѓаните заслужуваат претседател за сите, го заслужуваат Стево Пендаровски!

Откако Социјалдемокраскио сојуз на Македонија, објави дека шеф на изборниот штаб за Претседателските избори 2019, ќе биде генералнио секретар на СДСМ, Александар Кирацовски се огласи високиот и докажан функционер на СДСМ:

– Предизвиците се своевиден мотив за остварување на целите кои се од заеднички интерес. Им изразувам благодарност на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и на партиското раководство за укажаната доверба да го предводам победничкиот изборен штаб на СДСМ на претстојните претседателски избори.

Најавувам силна вклученост на СДСМ, ќе поттикнам мотивација кај коалициските партнери и очекувам вклученост од сите кои ја сакаат нашата држава и веруваат во нашиот Стево.

Изборниот штаб на СДСМ, заедно со останатите политички партии кои го поддржуваат заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, е подготвен да организира позитивна, принципиелна, мирна и достоинствена изборна кампања во духот на демократските и европските вредности.

Во Република Северна Македонија ќе има кристално чисти фер, слободни и демократски избори на кои ќе победи Стево Пендаровски, кандидат за вистински претседател на сите граѓани.

Победата на Стево Пендаровски ќе биде уште една победа на концептот едно општество, победа на напредокот, развојот и интеграцијата.

Во духот на заедништвото, сплотеноста и еднаквоста, убеден сум дека сите ќе дадеме свој придонес во изборот на идниот претседател Стево Пендаровски. Република Северна Македонија и нејзините граѓани заслужуваат претседател за сите, го заслужуваат Стево Пендаровски, напиша Кирацовски на својата фејсбук страница.